Трајан Здравков Мицевски ( 1920 Сопиште, Скопско12 април 1945 во Илинци, Срем, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Трајан Мицевски
Роден 1920 година
Сопиште, Скопско, Македонија
Починал 12 април, 1945
Илинци, Срем, Србија

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. На 11 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а по ослободувањето на Скопје преминал во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во ноември и декември 1944 година со Бригадата заминал на Косово, каде учествувал во борбите за разоружување и ликвидирање на преостанатите балистички банди. По успешното извршување на овие задачи, стигнал во близината на Белград, каде успешно завршил тримесечна воeнa настава. На 12 април 1945 година учествувал во големата пролетна офанзива на Првата југословенска армија во Срем. При еден јуриш кај Илинци, бил погоден и загинал. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 96–97. На |first= му недостасува |last= (help)