Живко Антон Љотиќ ( 1926 во Горњане, Скопско1944 во Огошт, Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча во Горњане на која е впишано и името на Живко Љотиќ

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Основно училиште завршил во селото. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил во септември 1944 година. Во состав на истата водел огорчени борби против балистичките банди во Скопска Црна Гора и против Германците во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија со Бригадата заминал на Косово, каде биле разоружани балистичките банди. Кога Бригадата заминала во Гниланско, учествувал во повеќе акции за ликвидирање на тамошните балистички банди. Во една таква борба кон крајот на 1944 година, храбро загинал кај местото Огошт, кај Гнилане. Посмртните останки му биле пренесени и погребани во родното село Горњане.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 86. На |first= му недостасува |last= (help)