Рафе Димов Андоновски ( 1923 во Лазарополе16 април 1945 во Марино, Хрватска) — Македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Рафе Андоновски
Роден 1923 година
Лазарополе, Кралство СХС
Починал 16 април 1945
село Марино, Хрватска

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. По неколку години тој решава да замине на печалба во Скопје, каде станал општ работник.

Во ноември 1944 година, стапи во 16та македонска ударна бригада. Бил распределен во IIта чета II баталјон. Учествувал во борбите низ западна Македонија, односно во битките и акциите за уништување на балистичките банди. Успешно ја завршил и воената обука, по што е испратен да замине на Сремскиот фронт.

Бил учесник во повеќе борби против Германците. Во една од тие битки храбро загинал кај селото Марино, Хрватска, на 16 април 1945 година.

Бил закопан на позицијата каде што загинал.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 26. На |first= му недостасува |last= (help)