Најдо Костов Зафировски ( 1926 во Добри Дол (Скопско)1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово и учествувал во конечното ликвидирање на балистичките банди. Потоа заминал на Сремскиот фронт. Учествувал во голем број борби, како и во ослободувањето на Славонска Пожега, каде македонските единици покажале голема храброст. Загинал кон крајот на април 1945 година во една борба против непријателот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 60. На |first= му недостасува |last= (help)