Боре Трајковски
Боре Денков Трајковски ( 1924 во Горно Коњари, Скопско — 1945 во Горно Коњари, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како земјоделец. По ослободувањето на Македонија, на 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и учествувал во борбите за расчистување на балистичките банди во Гнилане и други места. Подоцна заминал во Земун, каде завршил тримесечна воена обука. Наместо на Сремскиот фронт, останал во Белград да ги чува заробените Германци. Таму се разболел од голема настинка, поради што бил ослободен од армијата. По враќањето дома, подлегнал на болеста.[1]