Јован Димовски

македонски сликар

Јован Димовски-Јанко (Битола, 1928Белград, 1996) — македонски сликар.[1]

Јован Димовски-Јанко
Роден 1928
Битола, Кралство СХС
Починал 1996
Белград, Србија, СР Југославија
Занимање сликар

Животопис

уреди

Роден e во Битола во 1928 година.[1] Завршил Академија за применета уметност, насока Декоративно сликарство во Белград во 1953 година во класите на професорите Васа Поморишац и Винко Грда.

Тој припаѓа на првите повоени генерации ликовни уметници кои се вклучуваат во процесот на осовременување на ликовниот израз, притоа задржувајќи ја длабоката приврзаност кон тлото од кое потекнува и наоѓајќи секогаш инспиративни поттици (по содржинска определба и стилска изразност) во македонското културно наследство. По дипломирањето станува член на ДЛУМ. Се вклучува во ликовниот живот на Македонија и е присутен на сите изложби, распнат на релација Битола - Скопје - Белград. Одлучувачки момент за неговото творештво претставува работата со Здравко Блажиќ, на конзервација на фрески и икони во повеќе македонски цркви и манастири, кога ги согледува вредностите на нашето средновековно културно наследство. Работи како ликовен педагог, графички илустратор, сценограф и најмногу како слободен уметник. Организира изложби од 1952 год. во Битола, а потоа Скопје, Белград и странство. Учествува на изложбите на ДЛУМ, а од 1955 г. и со ликовната група ВДИСТ, како нејзин член. Од 1971 год. членува и во белградската ликовна група СИНГИАРТ со други 6 сликари истомисленици, кои инспирација бараат во културното наследство. Во текот на своето творештво, Димовски минува низ еден доста хетероген стилски развој. Започнува со стилизиран реализам, со многу декоративни елементи, со примери од народната орнаментика (особено изворната керамика) и македонскиот фолклор. Потоа преку специфичен експресионизам се доближува до асоцијативната апстракција, во чија основа се природата и нејзините појави. Почетните дела се поврзани со македонскиот природен предел, со Старата битолска чаршија, со мртви природи... многу блиски на постимпресионизмот, а подоцна применува стилизација, поедноставување на облиците, прифаќање декоративни елементи со контурно врамување на истите. Веќе подоцна, во почетокот на 7. деценија во циклусот „Македонска рапсодија“ се доближува до асоцијативната апстракција. Во ист дух ги работи и сцените од катастрофалниот земјотрес во Скопје како сопствено доживување на ужасот, со внесување на симболичен израз и неформални решенија. Со неговите самостојни изложби и учеството на голем број групни во земјата и странство, како и со големиот број награди и признанија, Димовски обезбеди значајно место во историјата на македонското сликарство. Неговите дела се наоѓаат ширум светот, а за своите креации добитник е на голем број награди, признанија, дипломи и пофалби.[1]

Починал во Белград во 1996 година, а погребан е во Битола.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 50–51. ISBN 978-9989-2783-0-3. Архивирано од изворникот на 2021-11-26. Посетено на 1 јули 2023.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „БИТОЛА ГО ЗАБОРАВИ ПЕРО СПИРОСКИ, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДСКИ СЛИКАРИ“. СДК. 17.07.2017. Посетено на 2 јули 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди