Миле Кралев Качниклиев ( 1925 во Чучер, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1][2]

Миле Качниклиев
Роден 1925 година
Чучер, Скопско
Починал 16 април 1945 година
Врпоље, Хрватска
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Миле Качниклиев

Животопис

уреди

Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство.

Материјално ги помагал партизаните од порано.[1] Со доаѓањето на 16 македонска ударна бригада во неговото село, меѓу првите стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројни акции на Бригадата против Германците кај Качаник.[2] По завршувањето на борбите во Македонија заминал на Косово, каде учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потем заминал за Војводина, каде завршил воена и политичка настава и станал политички комесар на чета.[1]

Со четата учествувал при пробивот на Сремскиот фронт и во натамошното гонење на разбиениот непријател. Неговата чета посебно се истакнала во извршувањето на борбените задачи. Учествувал и во големата битка за Врпоље, каде на 16 април 1945 година, тој загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 74. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.