Коце Томашевски
Коце Атанасов Томашевски ( 1923 во Глуво, Скопско — 12 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Коце Томашевски | ||
Роден | 1923 година Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Славонска Пожега, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток.[1] Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди во Скопска Црна Гора и Косово, а потоа заминал во Срем каде со yспex завршил тримесечна воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на германските позиции. Во една од натамошните борби, поточно во битката за ослободувањето на Славонска Пожега, загинал. Бил закопан на борбената позиција.[1][2]