Димче Анчевски
Димче Најдов Анчевски ( 1921 во Долно Соње, Скопско — 12 април 1945 во Илинце, Србија) — Македонски партизан, учесник во НОВ.[1].
Димче Анчевски | ||
Роден | 1921 година село Долно Соње, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1945 година Илинце, Србија |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште и потоа се занимавал со земјоделство.
Есента 1944 година, кога во близина на неговото село, во Скопско, единиците на НОВ и ПОЈ воделе жестоки борби против балистите, тој логистички ги помагал.
На 10 октомври 1944 година стапил во 3та македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите на реката Треска. Бил учесник и во големата борба на 13 ноември за ослободување на Скопје, како и во наредните акции за ликвидирање на балистичките банди.
На 12 април 1945 година и тој како и многу други македонски партизани, заедно со својата Бригада, бил испратен на позициите во Срем. Во тие борби храбро загинал кај Илинце, каде и денес се наоѓа неговото гробно место.