Љубица Георгиева
Љубица Стојчева Георгиева (22 октомври 1924 во Чаир, Скопје — 28 април 1945 во Марино, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Љубица Георгиева | ||
Роден | 22 октомври 1924 Чаир, Скопје | |
---|---|---|
Починал | 28 април 1945 село Марино, Хрватска |
Животопис
уредиУште како ученичка оо основно училиште работела како шивачка сè до 1936 година. Учела занает, а паралелно со тоа го посетувлаа и вечерното училиште. Во тоа време станала член на едно женско друштво. Со доаѓањето на окупаторот била примена во СКОЈ. Во 1942 година се јавува како организатор на женската младина. Истовремено му помагала на нејзиниот брат Ванчо Георгиевски - Шапкаро, во работата на партиската техника, во која се печателе летоци, прогласи и др. како и брошурката Организацја и состав на партизанските единици.
Љубица толку се издигнала, што почнала сама сама да ја организира и раководи со женската младина. Материјалите што се печателе, ги обработувала во својата младинска група. Поради честите провали и затворања од страна на бугарската фашистичка полиција, постоела опасност да биде откриена партиската техника. Благодарејќи на конспиративноста на нејзиниот брат, а во голема мерка и на неј зината будност, провалувањето на партиската техника било оневозможено. Додека брати и неуморно ги умножувал материјалите, таа чувала пред вратата да не го открие ненадејно некој германски или бугарски фашистички агент.
Во ноември 1943 година нејзиниот брат Ванчо бил затворен. По пуштањето од затвор тие заедно заминале во 1944 година, во Скопска Црна Гора и тоа при самото формирање на 16та македонска ударна бригада. Со тоа и се исполнила една од најголемите нејзини желби. Учествувала во сите борби против балистичките банди и Германците. Се истакнувала со дисциплинираност и храброст. Во ударните бомбашките акции постојано учествувала доброволно.
Во декември 1944 година 16та македонска ударна бригада пристигнала во Батајница, со упорно учење успеала да ги совлада потребните знаењата за да стане квалификувана болничарка.
Во април 1945 година, веќе била на чело на баталјонскиот санитет. За време на борбите што ги водела Бригадата, се пројавила со бестрашност и храброст. Постојано била во првите борбени редови и им укажувала помош на ранетите, ги извлекувала од борбената линија, по ризик и на сопствениот живот. Учествувала во ослободувањето на Винковци, а за покажаната смелост и пожртвуваност во тешките борби околу Славонска Пожега, била одликувана со Орден на храброст.
По тешките борби за ослободување на Маринo, кој неколку пати преминал од едни раце во други, не сакала да се повлече и да ги остави ранетите соборци. Па така на 28 април 1945 година, како храбра болничарка, загинала скопјанката Љубица.