Тодор Гајдаров
Тодор Стоичков Гајдаров (25 јануари 1923 во Рждавица, Бугарија — 1944 во Скопско) — партизан, учесник во НОВ.[1]
Тодор Гајдаров | ||
Роден | 25 јануари 1923 Рждавица, Царство Бугарија | |
---|---|---|
Починал | октомври 1944 |
Животопис
уредиПроизлегува од работничко семејство. Основно образование и музичко училиште завршил во Ќустендил. По завршувањето на училиштето работел како музичар во Софија. Поради илегална дејност бил отпуштен од работа. Често бил прогонуван и присилуван да ги менува местата на живеењето. Целото негово семејство било ориентирано антифашистички. Работел доста конспиративно, но и покрај тоа бугарската фашистичка полиција во 1943 година ја открила неговата дејност. Поради тоа избегал од Бургас и се населил во Скопје. Во Скопје, повторно воспоставил врска со некои другари. Пројавил интерес да појде во партизани. Бил испратен во Скопска Црна Гора. Таму и се приклучил на 16та македонска ударна бригада. Учествувал во борбите на Бригадата против балистите и Германците. Животот го загубил во октомври 1944.