Анте Велков
Анте Стојанов Велков ( 1926 во Црешево, Скопско — 6 ноември 1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Анте Велков | ||
Роден | Црешево, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 6 ноември, 1944 година Чучер, Скопје, Македонија | |
Почивалиште | Гробиштата во Црешево |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. По завршување на основното училиште, се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во голем број борби против балистите. По успешно извршените воени операции во близина на Качаничкиот пат, неговата единица зазела позиции над селото Чучер. Оттаму ноќно време вршеле непрекинати акции против германските моторизирани колонии. Во една од тие борби, на 6 ноември 1944 година, храбро загинал на Чучерскиот Рид. Бил пренесен и закопан на селските гробишта во Црешево.[1]