Петар Чаков
Петар Чаков ( 1921 во Егејска Македонија — 14 октомври 1944 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо првите денови на септември 1944 година, заминал во Скопска Црна Гора и станал борец на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, од првиот ден на нејзиното формирање. Во борбите на бригадата против балистите и Германците, се истакнал како храбар борец. На 14 октомври 1944 година, во една од секојдневните борби против балистите бил тешко ранет и пренесен на лечење во партизанската болница во селото Љубанци, каде подлегнал на раните. Неговите останки биле закопани на селските гробишта.[1]