Стојко Маринковски
Стојко Лазов Маринковски ( 1918 во Горњане, Скопско — 1945 во Ваљево, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и со чување на добиток. На 5 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Во состав на истата заминал во Срем за да учествува во последните борби. Таму успешно завршил тримесечна воено-стручна обука. Потоа учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како и во ослободувањето на десетина села и градови во Војводина, Хрватска и Словенија. Откако војната завршила, Бригадата се борела против квинслишките банди во разни краишта на земјата. Во една од тие битки, храбро загинал кај Ваљево, во јуни 1945 година.[1]