Ратко Шагов
Ратко Јованов Шагов (4 јуни 1922 во Бањане, Скопско — 1946 во ?) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ратко Шагов | ||
Роден | 4 јуни, 1922 година Бањани, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | јануари/февруари, 1946 година Од последици од раните здобиени на бојното поле. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, материјално ја помагал и самиот стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора, а по ослободувањето на Македонија, продолжил да се бори против балистите на Косово. Потоа заминал на Сремскиот фронт, каде учествувал во борбите за дефинитивно ослободување на татковината. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт и во голем број борби. На 22 април 1945 година во една битка против германските единици, бил тешко ранет во ногата. Го лечеле во подвижната болница, а потоа бил ослободен како неспособен за борба. Од последиците на раните починал во почетокот на 1946 година.[1]