Санде Перов Урдаревски ( 1920 во Чучер, Скопско1943 ) македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Санде Урдаревски
Роден 1920 година
Чучер, Скопје, Македонија
Починал 1943 година
Влошена здравствена состојба, по што му била ампутирана ногата. Набрзо потоа починал.
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Санде Урдаревски

Животопис

уреди

Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Неговото село мошне рано станало главна база на партизанските одреди. Со тоа станал симпатизер на Народноослободителното движење. Откако добил покана за да го отслужи воениот рок, заминал во редовите на бугарската фашистичка војска. Но, набргу избегал и се приклучил во Сврлишкиот партизански одред. Со одредот учествувал во акциите на просторот меѓу Бела Паланка и Бабушница во Србија.[1] Бил учесник во повеќе борби противбројни окупаторски сили: Германци, четници, Љотиќевци.[1][2] Подоцна живеел илегално во околните села на Ниш, а потоа во градот. Од големите напорни борби на терен тој тешко оболел. Бил префрлен на лечење во болница. Таму му ја ампутирале ногата, за да го спасат, но здравјето не му се подобрувало, по што починал во 1943 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 154. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.