Александар Христовски (Бошков)

македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Александар Бошков Христовски ( 1925 во Скопје1945 во Сремски фронт) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Александар Христовски
Роден 1925 година
Скопје, Македонија
Починал април, 1945 година
Сремски фронт

Животопис

уреди

Завршил основно училиште и го продолжил образованието во гимназија. Уште пред да ја заврши гимназијата заминал во партизани. Во септември 1944 година стапил во Третиот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бриrада, со која учествувал во сите борби во близината на Скопје, како и во самото ослободување на градот. По ослободувањето на Скопје бил префрлен во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и со неа учествувал во ослободувањето на другите окупирани делови на Југославија. Во април 1945 година храбро загинал при пробивот на Сремскиот фронт. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските градски гробишта.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 158. На |first= му недостасува |last= (help)