Трајан Недељко Нешковиќ ( 1920 во Кучевиште, Скопско1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во неа. Учествувал со Бригадата во борбите против силните и разбеснети балистички банди во Македонија, потоа заминал на терените на Косово, каде ја продолжил борбата за ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Учествувал во големата офанзива на Првата Југословенска армија. Загинал во борбите за ослободување на Банова Јаруга. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 104. На |first= му недостасува |last= (help)