Цветко Ѓорѓиев Бошковски ( 1928 во Нова Брезница, Скопско12 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 10 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во првата чета на вториот баталјон. Баталјонот бил младински ѝ претставувал ударна сила на бригадата. Бил учесник во двомесеечните борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија во составот на бригадата водел борба против балистите, сè до нивното дефинитивно уништување. Учествувал и во борбите на Срем. Таму на 12 април 1945 година, храбро загинал. Бил закопан заедно со други македонски и југословенски партизани во заедничка гробница во Врпоље.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 37. На |first= му недостасува |last= (help)