Мирко Лазаров
Мирко Спиров Лазаров ( 1918 во Кумановско — 1944 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо редовите на Осмата прешевска бригада, учествувал во борбите кај Прешево, Лојане, Руѓинце и Брест, против балистичките фашистички банди и по многубројни борби и искушенија се префрлил во Скопска Црна Гора. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во селото Кучевиште, веднаш стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројните борби против балистичките и германските фашисти. Во борбите против балистите, на 7 октомври 1944 година бил тешко ранет. Бил пренесен на лечење во партизанската болница во Љубанци, каде подлегнал на раните. Бил закопан на гробиштата во Љубанци.[1]