Санде Неделковски

Санде Тодоров Неделковски ( 1926 во Црешево, Скопско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во бројните крвави борби против Германците и балистите. Потоа учествувал во разбивањето на балистите кај Качаник. Кон крајот на април 1945 година учествувал кај Славонска Пожега во најголемата победа на македонските дивизии. Опколената голема германско-усташка групација, бил уништена, но токму во оваа битка Санде го изгубил својот живот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 102. На |first= му недостасува |last= (help)