Душан Никола Бошковиќ ( 1923 во Бањане, Скопско1944 во Качаничка Клисура, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Душан Бошковиќ
Роден 1923 година
Бањани, Скопје, Македонија
Починал ноември, 1944 година
Качаничка Клисура, Скопје, Македонија
Нагазил на мина.
Националност Македонец
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Душан Бошковиќ

Животопис

уреди

Произлегува од селско семејство. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Кога во Бањани, во есента 1944 година пристигнале поголем број партизански единици, и се приклучи на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите и Германците. Особено се истакнал во нападите на германските камиони во Качаничката Клисура. Во една од овие борби нагазил на мина и трагично го изгубил својот живот. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 177. На |first= му недостасува |last= (help)