Ангеле Петрушевски
Ангеле Младенов Петрушевски ( 1912 во Скопје — 1944 во Горњане, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ангеле Петрушевски | ||
Роден | 1912 година Скопје, Косовски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | октомври, 1944 година Скопје, германска воена управа |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како шапкар. Бргу се вклучил во подготовките за оружено востание и во таа насока активно учествувал во собирањето на материјална и друга помош за партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките сили, како и во ноќните акции против моторизирани германски колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година, во последните борби против балистите загинал над селото Горњане.[1]