Никола Стојановски
Никола Иванов Стојановски (1 мај 1927 во Делчево ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Никола Стојановски | ||
Роден | 1 мај, 1927 година Делчево, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Врпоље, Хрватска |
Животопис
уредиПо свршувањето на основното училиште продолжил да учи во Трговската академија, откако семејството се доселило во Скопје. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По извршувањето на доверените воени задачи во Македонија, со Бригадата заминал за Војводина. Неговото учество на Сремскиот фронт било кратко. По пробивот на фронтот загинал на 16 април 1945 година во големата и крвава борба против Германците и усташите кај Врпоље во Хрватска.[1]