Коста Стјчев Трајковски ( 1925 Петровец, Скопско1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Коста Трајковски
Роден 1925 година
Петровец, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Шид-Илинци, Србија
Почивалиште Гробиштата во Петровец
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со својата единица учествувал во повеќе борби и акции за ослободување на Македонија. По ослободувањето на Македонија заминал за Срем. Во една битка против непријателот кај Шид-Илинци, храбро загинал во почетокот на април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал, но по ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Петровец.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 150. На |first= му недостасува |last= (help)