Боривоје Милошевски
Боривоје Савов Милошевски (13 септември 1925Маџари, Скопје ― 12 април 1945 во Нови Сад, Србија) — партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Боривоје Милошевски | ||
Роден | 13 септември, 1925 година Маџари, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Нови Сад, Југославија починал во болница од здобиени рани на бојното поле. | |
Почивалиште | Маџари |
Животопис
уредиУште на 17 годишна возраст се вклучил во Народноослободителното движење. Од 1942 година собирал оружје, муниција, облека и друг материјал за партизаните. Илегално растурал летоци и почесто бил водач при префрлување на илегалци. Неговата конспиративна дејност, не останала незабележана од бугарската фашистичка полиција. Затоа одлучил да замине во српските партизански одреди кај Владичин Хан во 1942 година, но бил поткажан од предавник и затворен. По четиримесечно сослушување бил пуштен на слобода. На 24 април 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Подоцна станал борец во Шеснасеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите на падините на Скопска Црна Гора кај Думановце и Прешево, против балистичките банди. Во тие борби бил ранет во рамото и испратен на лечење во родното место. По една рација извршена од Германците во селото, успеал да се пробие и да замине во партизанското упориште во Бродец. По ослободувањето на Скопје бил распореден во авточетата на еден воздухопловен баталјон во Сремска Митровица. Taму завршил курс за шофер. Во составот на овој баталјон учествувал во борбите против окупаторот и повторно бил ранет. На 12 април 1945 година починал во Нови Сад од добиените рани. По ослободувањето посмртните останки му биле пренесени во родното место.
Во скопската населба Маџари, една улица е именувана по него.[2]
Наводи
уреди- ↑ Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 92–93. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Улица Боривој Милошевски - Скопје“. wikimapia.org.