Христо Жунгуловски
Христо Генадиев Жунгуловски ( 1925 во Скопје — 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, работел како општ работник. Во септември 1944 година заминал во Скопска Црна Гора и стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата единица учествувал во сите борби против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Во борбите се истакнал како храбар борец. Кон крајот на октомври 1944 година храбро загинал, во една од секојдневните борби против балистите, на падините на Скопска Црна Гора.[1]