Никола Николовски
Никола Божинов Николовски (6 септември 1926, Осој (Дебарско) ― 1945, Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Никола Николовски | ||
Роден | 6 септември, 1926 година Осој, Дебарско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Банова Јаруга, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од селско семејство. Завpшил основно училиште во родното село. Уште пред војната се преселил во населбата Маџари во Скопје. Татко му работел како млекар. Изучил фотографски занает, а подоцна и шивачки. По завршувањето на занаетот се вработил кај приватен мајстор во Скопје. Тука останал на работа до 1941 година. На 9 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби за ослободување на Македонија, особено на падините на Скопска Црна Гора, каде се воделе огорчени борби против балистичките банди. Со Бригадата што била вклучена во Петнаесетти македонски корпус, учествувал во борбите за ослободување на преостанатите делови на татковината. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, во тешките и крвави борби кај Банова Јаруга. Во една од овие борби тој исчезнал. Со сигурност се претпоставува дека бил заробен и ликвидиран од германските фашисти.[1]