Мирос Николовски
Мирос Лазов Николовски ( 1924 во Скопје — 25 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се вработил како општ работник. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Првото борбено искуство го стекнал на Косово, во борбите за ликвидирање на преостанатите балистички банди и нивното разоружување. Потоа заминал за Срем. Учествувал во непосредните борби во пробивот на Сремскиот фронт. На 25 април 1945 година, храбро загинал во борбите против Германците и усташите.[1]