Најдо Стојановски

Најдо Стојанов Стојановски ( 1917 во Горно Соње, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, што била во состав на Четириесет и втората македонска ударна дивизија. Учествувал во ослободувањето на уште неослободените краишта на Југославија, како и во пробивот на Сремскиот фронт кај Шид, Товарник и Винковци. Загинал на 16 април 1945 година, во борбата кај Врпоље. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 138. На |first= му недостасува |last= (help)