Русе Ливрински
Русе Симов Ливрински ( 1923 во Чучер, Скопско — 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште изучил занает, а по завршувањето на занаетот работел како столар.[1] Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора, како и во акциите против моторизираните германски колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија земал учество во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал при крајот на април 1945 година во борбите против Германците и усташите кај Будровци, близу Ѓаково. Бил закопан од соборците на борбената позиција.[1][2]