Димко Димковски ( 1928 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Димко Димковски
Роден 1928 година
Скопје, Македонија
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, продолжил да учи гимназија. Во септември 1944 година, како шеснаесетгодишен младинец, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Станал борец во Младинскиот баталјон. Учествувал во секојдневните борби на Бригадата против балистичките сили. Младинскиот баталјон бил ударната сила на Бригадата. Секогаш кога имало најтешки борбени задачи, бил во првите борбени линии. Младинскиот баталјон извршил многу успешни акции против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Но, во борбата за ослободувањето на својот роден град, храбро загинал на 13 ноември 1944 година. Бил погребан на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 187. На |first= му недостасува |last= (help)