Томе Трпковски
Томе Божинов Трпковски ( 1900 во Скопје — 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Томе Трпковски | ||
Роден | 1900 година Скопје, Македонија под Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Скопска Црна Гора, Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил чевларски занает. Во 1944 година, кога цела Македонија била опфатена од сенародното народноослободително движење му се приклучил со цел да даде скромен придонес. Во октомври 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чии редови се борел против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора. Во борбите се истакнал како храбар борец. Во почетокот на ноември 1944 година загинал, во една борба против балистичките банди. Најпрво бил тешко ранет, а потоа целиот избоден со ножеви.[1]