Стоилко Урдаревски
Стоилко Велков Урдаревски ( 1918 во Чучер, Скопско — 25 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на овци и кози.[1] На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во крвави борби против балистите. Бил учесник во акциите против Германците кај Качаничката Клисура, како ѝ во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година учествувал во големата пролетна офанзива против Германците и во пробивот на Срем. Во натамошните борби против непријателот, во битката за ослободување на Банова Јаруга, храбро загинал на 25 април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]