Цветан Поповски
Цветан Георгиев Поповски ( 1916 во Скопје — 13 март 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Цветан Поповски | ||
Роден | 1916 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 13 март, 1945 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиКако симпатизер на народноослободителното движење, активно се вклучил во него и материјално го помагал. На 17 август 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките банди и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија и по напорните борби за конечното ликвидирање на балистичките банди, сериозно заболел и бил испратен на лекување во воената болница во Скопје, каде подлегнал на тешката болест на 13 март 1945 година. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.[1]