Блажо Томашевски
Блажо Томашевски ( 1925 во Глуво, Скопско — 12 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Блажо Томашевски | ||
Роден | 1925 година Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Илинци, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство.[1] По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која веќе на 12 април 1945 година бил на позициите кај Шид. Учествувал во големиот пробив на непријателските утврдени позиции. Во тие борби, храбро загинал кај Илинци. По ослободувањето на земјата, неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во родното село Глуво.[1][2]