Блажо Спасовски
Блажо Трпев Спасовски ( 1926 во Јаболци — 12 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во борбите против непријателот. Подоцна бил префрлен во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистичките банди. По успешните борби против балистите, завршил воено-политичката обука. Подоцна учествувал во завршните операции за ослободување на Југославија. Бил учесник во големата борба против утврдените германски позиции во Срем. На 12 април 1945 година храбро загинал кај Илинци. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]