Ване Димов Мирчевски ( 1922 во Говрлево, Скопско24 февруари 1946 во Говрлево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. На 11 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав заминал на Косово. Таму учествувал во борбите против одметнатите балистички банди. По ликвидирањето на истите заминал за Срем, каде завршил тримесечна воена настава. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбите кај Банова Јаруга бил ранет. Го лечеле во болница, а подоцна го отпуштиле од војската. Се вратил во родното место, каде на 24 февруари 1946 година подлегнал на раните.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 94. На |first= му недостасува |last= (help)