Трајко Велковски
Трајко Велков Велковски ( 1925 во Скопје — 8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил четврто одделение, а потоа изучил занает ѝ работел како златар. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По акциите за чистење од балистички банди во Македонија и Косово со бригадата заминал за Срем. Откако ја завршил обуката учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во жестоките борби против Германците и усташите, на 8 мај 1945 година, храбро загинал кај Дуго Село. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]