Раде Шишков
Раде Миров Шишков ( 1928 во Тетово — 16 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Подоцна се преселил во селото Глуво, Скопско. Со навлегувањето на балистите во овој крај и доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови на 10 октомври 1944 година. Учествувал во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора и во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Скопје, заминал со Бригадата во Косово, за ликвидирање на преостанатите балистички банди. На 12 април 1945 годинa веќе бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал на 16 април 1945 година во една битка за ослободувањето на Винковци. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Глуво.[1]