Божин Крстев
Божин Трајков Крстев ( 1921 во Побожје, Скопско — 3 февруари 1945 во Орликовац, Дреновац, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. На 28 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките сили и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Со Бригадата заминал за Косово. Таму учествувал во разоружувањето на пробалистичките села. Во исто време се борел и против преостанатите балистички банди за нивното дефинитивно уништување. На 3 февруари 1945 година во една од битките против балистите, храбро загинал кај Орликовац, Дреничко. Посмртните останки му биле пренесени и погребани на гробиштата во родното село Побожје.[1]