Петар Михајловски
Петар Борисов Михајловски ( 1924 во Скопје — 16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Основно образование завршил во Скопје. Изучил занает и станал кројачки помошник. По окупацијата на земјата се поврзал со прогресивни работници. Учествувал во разни илегални акции во градот. Ги пропагирал идеите на ослободителната борба и се трудел да придобие нови приврзаници. Учествувал во собирање на материјална помош за партизаните. Во август 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби на падините на Скопска Црна Гора против балистичките банди. По ослободувањето на Скопје ја продолжил борбата против балистите на Косово. На Сремскиот фронт, зел учество во пробивот на германско-усташките позиции. На 16 април 1945 година во големите борби кај местото Будровци, храбро загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.[1]