Бошко Пејковски
Бошко Пејковски ( 1922 Бразда, Скопско ― 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Бошко Пејковски | ||
Роден | 1922 година Бразда, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Банова Јаруга, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија, неговата Бригада ја продолжила борбата, за дефинитивното ликвидирање на балистичките банди на Косово. Потоа со Петнаесеттиот македонски корпус заминал за Срем,[2] каде посетувал тримесечна воено-политичка настава. По пробивот на фронтот и разбивањето на германските сили, со својата единица ја продолжил борбата за конечното уништување на непријателот. Во една битка за ослободувањето на Банова Јаруга, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]