Милорад Стојановиќ

српски и македонски геолог и професор

Милорад Стојановиќ (Пирот, 24 јануари 1931 – Скопје, 2000),македонскосрпски геолог.

Милорад Стојановиќ
Роден 24 јануари 1931
Пирот, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 2008(2008-00-00) (возр. 76–77)
Скопје, Македонија
Народност Србин
Занимање Геолог

Животопис

уреди

Основно училиште и гимназија завршил во Алексинац. Студирал на Групата за геологија на ПМФ во Белград од 1949/50 година до 1954 година. Во 1956 година, се вработил во Рударско-топилничкиот басен во Бор, каде што останал до 1958 година. Од 1958 година. до 1981 година, работел во Геолошкиот завод на РМ во Скопје. Во 1979 година, на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, ја одбранил докторската дисертација со насловот „Геолошки састав и тектоника терена Т. Велес ‒ планина Клепа ‒ река Рајец”. Во 1982 година, бил вработен на Институт за географија при ПМФ, каде бил избран во доцент, во 1985 година станал вонреден, а во 1991 година бил унапреден како редовен професор од областа на геологијата. Неговата научна дејност е во областа на регионалната геологија и минералните суровини. Има публикувано околу 80 научни и стручни трудови, елаборати, извештаи и проекти како и два универзитетски учебници: Геологија и петрографија (1991 година) и Историска геологија (1989 година). Имал студиски престој во НР Бугарија (1959 година), Чехословачка (1967 година) и СССР (1969 година). Носител е на повеќе признанија. Починал во Скопје во 2000 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 40. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)