Краљо С. Поповски ( 1900 во Бањане1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Краљо Поповски
Роден 1900 година
Бањане, Скопје, Косовски вилает, Османлиска Империја
Починал септември 1944 година
Скопска Црна Гора, ДФ Македонија, ДФЈ

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство и сточарство. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во неговото село, активно ја помагал, а нешто подоцна и и се приклучил. Се борел против Германците кои се повлекувале низ Качаничката Клисура, како и против балистите кои биле вооружени од Германците за да им обезбедат заштита. Балистите навлегувале и ги ограбувале селата на Скопска Црна Гора. Во спречувањето на ваквата разбојничка инвазија, тој загинал во септември 1944 година кај Долни Забел. Бил закопан на селските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 237. На |first= му недостасува |last= (help)