Љубомир Рајчевски

Љубомир Јорданов Рајчевски ( 1918 во Кучевиште, Скопско1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во аеродромската чета во Скопје. Од воените напори и поминатите денови во битките против непријателот, тешко оболел и во јуни 1945 година подлегнал на болеста. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 238. На |first= му недостасува |last= (help)