Тодор Перов Тапшанов ( 1926 во Љубанци, Скопско1946 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Тодор Тапшанов
Роден 1926 година
Љубанци, Македонија
Починал јануари/февруари, 1946 година
Љубанци, Македонија
Болест

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година заминал во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби на подрачјето околу Чучер, Бањане и Горњане, како и во борбите против балистите и Германците во Качаничката Клисура. По пробивот на Сремскиот фронт неговата Бригада продолжила да ги гони Германците и усташите. Но, веднаш по свршувањето на борбите тешко се разболел. Починал во почетокот на 1946 година, бил закопан на селските гробишта во Љубанци.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 141. На |first= му недостасува |last= (help)