Киро Христовски
Киро Николов Христовски ( 1917 во Скопје — 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Киро Христовски | ||
Роден | 1917 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Врпоље, Хрватска |
Животопис
уредиЗавршил основно образование. Се занимавал со земјоделство. Во ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил распореден во Вториот баталјон. Учествувал во борбите за ослободување на Македонија од германскиот фашистички окупатор, како и од балистичките банди. Потоа ја продолжил борбата против нив и на Косово. Како примерен борец, бил поставен за командир на вод. Во пробивот на Сремскиот фронт, во борбите кај Илинци, Товарник, Шид и другите места се истакнал како храбар борец. Кај Врпоље, кога загинал командирот на митралеската чета, застанал на чело на четата и со успех го заменил. Многу често лично одел да ги извидува непријателските позиции. Во извршувањето на една таква задача бил погоден од непријателски рафал в гради, во моментот кога ја издавал заповедта за отворање на оган против откриената непријателска позиција.