Благоја Перов Каскаров ( 1922 во Мирковци, Скопско8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 20 септември 1944 година силни балистички сили од правецот на Качаник навлегувале во Скопска Црна Гора и често ги ограбувале селата Чучер, Бањани и Горњани. Тие денови стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која започнала огорчени борби против овие банди. Во тие битки активно учествувал и тој. По ликвидирањето на балистичките банди, во состав на Бригадата земал учество во завршните операции за ослободување на Југославија, како и во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал на 8 мај 1945 година во битката за ослободување на Дуго Село. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 74. На |first= му недостасува |last= (help)