Тодор Николов Димов ( 1905 во Скопје27 февруари 1946 во Сараево, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Работел како службеник. По априлските настани во 1941 година бил заробен и одведен во логор, во Германија. Подоцна бил пуштен од заробеништво. Во текот на НОВ ѝ се приклучил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав водел тешки борби против Германците и балистите во близината на Скопје. По ослободувањето на Македонија и успешните акции против балистите на север, заминал за Срем. Таму учествувал во сите борби од пробивот на Сремскиот фронт, па сè до истерувањето на последниот окупаторски војник од земјата. Во Бригадата се наоѓал на должност политички комесар. По завршувањето на војната, со Бригадата заминала во Босна каде ги гонела заостанатите квинслишки единици. Активно учествувал во ликвидирањето на четничките групи. По ослободувањето на Југославија, одејќи да одржи поздравен говор на митингот организиран од учесниците во доброволната акција за изградба на железничката линија Шамац - Сараево, загинал од рацете на предавничка квинслишка банда, на 27 февруари 1946 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 55–56. На |first= му недостасува |last= (help)